Американски офицер за војната во Украина: Вашингтон e на прагот на ново фијаско, како во Виетнам и Авганистан

Од:

Вашингтон стои на прагот на геополитичко фијаско во Украина, пишува поранешниот офицер на американската морнарица Бајрон Кинг за изданието „Daily Reckoning“.

„Воените експерти во Вашингтон почнаа да даваат предвидувања дека Русија ќе победи во конфликтот, а Украина ќе загуби. И, што значи ова за вас? Па, светот наскоро ќе се промени, мислам на големи промени“, вели офицерот.

Тој исто така рече дека Американците треба да бидат подготвени за катастрофа што може да се спореди со поразот во Виетнам и Авганистан, пренесува Спутник.

„Ниту Америка, ниту земјите од НАТО немаат доволно воено-индустриска база за да ги постигнат обемите што Русија може да ги обезбеди на трајна основа“, објасни Кинг.

Тој заклучи дека се ќе заврши исклучително лошо за Киев, а НАТО и голем дел од остатокот од Европа го очекуваат истото во иднина.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски