Американскиот новинар Грант Вол (48) почина во петокот за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар додека известуваше од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија за време на изведувањето пенали.
Како што пренесува Дејли Мејл, 48-годишниот Вал, кој известуваше за Светското првенство за CBS Sports, NBC News, и кој претходно работеше за Sports Illustrated, бил здрав пред да колабира овој петок. Според неговиот брат, кој се огласи на социјалните мрежи, Вал бил сосема здрав.
Неговиот агент Тим Сканал за Њујорк Тајмс изјави дека во петокот и за време на натпреварите Вал доживеал голем стрес и починал.
Според соопштението на Фудбалската асоцијација на САД, Грант известувал од четвртфиналниот натпревар, а причината за смртта не е позната.
„Целото семејство на американски фудбал е скршено кога дозна дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра. Неговото пишување и приказните што ги раскажува ќе живеат!“, се вели во соопштението.