Научници од САД тврдат дека нашле начин да направат помоќни вакцини

Од:

Американски научници од бостонските универзитети МИТ и Харвард соопштија дека идентификувале нови протеини од коронавирусот, што може да доведе до производство на помоќни вакцини, пишуваат медиумите од САД.

Експертите сметаат дека некои од новооткриените протеини ги придвижуваат Т-клетките од имуниот систем, кои, пак, ги напаѓаат заразените клетки.

Вакцините против коронавирус што во моментов се во оптек ги напаѓаат Б-клетките, кои помагаат во борбата против инфекцијата со создавање на антитела. Научниците кои дојдоа до ова откритие се надеваат дека ќе можат да ги напаѓаат Т-клетките, кои имунолошкиот систем ги испраќа низ целото тело, со цел да ги уништат заразените клетки.

Тим експерти во својот труд, објавен во списанието „Cell“ наведува дека експериментирале со човечки клетки, и тоа оние заразени со коронавирус. Тие биле во можност да изолираат и идентификуваат 23 протеини во вирусот, кои претходно не беа познати.

Првичните проценки велат дека 25 проценти од нив го активираат имунолошкиот систем.

-Исклучително е невообичаено што толку силен имунолошки потпис на вирусот доаѓа од генетскиот редослед за кој бевме слепи, изјави Шира Ваингартен-Габи, лидер на истражувањето.

Тимот експерти се надева дека нивната работа може да помогне во развојот на нови вакцини потив коронавирус што поточно ќе го имитираат одговорот на нашиот имунолошки систем на вирусот.

Во идеален случај, реакцијата на нашиот имунолошки систем на инфекција ги активира Б и Т клетките, така што заразените клетки можат да бидат насочени додека другите имунолошки клетки произведуваат антитела кои можат да се врзат за патогенот.

-Ова е зачудувачки потсетник дека истражувањето водено од љубопитност може да доведе до откритија што можат да го трансформираат развојот на вакцините и терапиите, заклучува Вајнгартен-Габи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија