Американски метеоролози: Сезоната на урагани над Атлантикот ќе биде над нормалата

Од:

Овогодишната сезона на урагани над Атлантикот веројатно ќе биде „над нормалата“: Предвидени се најмалку три до шест урагани од „категорија 3“ на скала од пет, објави американската метеоролошка служба.

– Постојат 60 проценти шанси сезоната на урагани да биде над нормалата, рече Нил Џејкобс, официјален претставник на американската Агенција за набљудување океани и атмосфера (NOAA).

– Годинашната сезона би можела да биде „исклучително активна“, рече Џејкобс, додавајќи дека може да има три до шест урагани од најмалку „категорија 3“, со брзина на ветрот над 180 километри на час. Сезоната на урагани вообичаено трае од 1 јуни – 30 ноември, со просек од шест урагани, од кои три се големи.

Би можело да ве интересира

Пирати нападнале брод во Атлантикот, шест лица грабнати

А1он

Во Атлантикот потонал гумен чамец, се стравува дека се удавиле 52 африкански мигранти

А1он

Годинава рекорден број урагани во Атлантикот

Жарко Настоски

Над Атлантикот почна сезоната на урагани

Ураганот Мајкл преминa во трета категорија, се очекува уште да добие на јачина

Ана Ололовска

Ураганот Флоренс ослабна до втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон

Ана Ололовска