Американски медиуми: Убиен еден од осомничените за нападите за време на маратонот во Бостон

Од:

Во драматична акција на полицијата во Бостон, убиен е еден од осомничените за нападот на Бостонскиот маратон. Осомничениот во престрелка со полицијата убил полицаец во кампусот на Иснтитутот за технологија во Масачусетс (МТИ). Вториот осомничен е во бегство.

Осомничениот го загубил животот во болница од здобиените рани при престрелките и експлозиите во предградие на Бостон, јавуваат американски медиуми.

Полицаецот одговорил на повик и кога стигнал на местото на инцидент, во него биле испукани повеќе куршуми. Подоцна во кампусот и во предградието Вотертаун завладеа „воена состојба“. Акцијата следеше откако полицијата објави фотографии од двајца осомничени за нападите за време на маратонот во Бостон.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он