Американски ловци пресретнаа три мали авиони во воздушниот простор над седиштето на ОН

Од:

Американски авиони-ловци вчера над реонот на Њујорк пресретнале најмалку три мали летала, кои навлегле во ограничениот воздушен простор над седиштето на ОН и биле изведени надвор од него.

Портпарол на Командата за заштита на воздушниот простор соопшти дека вчера попладне во рок од час и половина, имало најмалку три инциденти на небото над Њујорк.

Тој дополни дека ловци Ф-16 пресретнале три мали авиони и ги испратиле до зоните што им биле одобрени од Контролата за летање, по што биле приземјени и претресени.

Според истиот извор, нема основан сомнеж дека тоа биле терористички закани.

Дел од воздушниот простор над Њујорк е затворен за сообраќај поради 68-та сесија на Генералното собрание на ОН, во која учествува и американскиот претседател Барак Обама.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро