Американски инвеститор во Русија и критичар на Путин пронајден мртов во Вашингтон

Од:

Американскиот брокер и инвеститор Ден Рапопорт, кој своето богатство го заработи на рускиот пазар во 90-тите и 2000-тите, а подоцна поседуваше елитен ноќен клуб во Москва пред да побегне од Русија, е пронајден мртов на тротоар во Вашингтон.

Како што јавува „Радио Слободна Европа“ на англиски јазик, полицијата ја истражува смртта на 52-годишниот Рапапорт, кој бил пронајден мртов пред станбена зграда во северозападниот дел на Вашингтон.

Засега нема индиции дека се работи за насилна смрт.

Според прелиминарниот полициски извештај, полицијата вечерта на 14 август добила пријава за „скокач“, а лицето идентификувано како Рапапорт подоцна било пренесено во болница каде била констатирана смрт.

Брајана Бурч, портпаролка на полицијата, за „Радио Слободна Европа“ изјави дека никој не бил со Рапапорт во времето кога се случил инцидентот, како и оти нема сведоци. Полицијата нема ниту информации за оставена проштална порака.

Рапапорт неодамна се пресели во Вашингтон, откако изминатите неколку години ги помина работејќи во украинскиот финансиски сектор.

По налог на обвинителството ќе биде спроведена обдукција на телото.

Во објавите на социјалните мрежи Рапапорт ја поддржуваше Украина и беше силен критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето