Претставник на НАТО соопшти дека американски хеликоптер се урна во јужниот дел на Авганистан при што еден војник загина, а еден е повреден.
Капетан Лука Карниел истакна дека во реонот немало непријателски активности и оти причините за несреќата се уште се истражуваат.
Хеликоптерот се урна во Даман, неколку километри западно од градот Кандахар.
Тоа е второ уривање на хеликоптер во Јужен Авганистан за една недела. Во понеделникот во хеликоптерска несреќа во близина на Кандахар загинаа петмина американски војници.