Американски држави почнуваат истрага за Инстаграм и влијанието врз децата

Од:

Јавните обвинители во неколку американски држави нагласија дека почнале заедничка истрага за да утврдат дали Мета (поранешен Фејсбук), кој е сопственик на Инстаграм, намерно им дозволувал на децата и тинејџерите да ја користат неговата социјална мрежа, додека знаеле дека може да биде штетно за нивното физичко и ментално здравје.

– Истрагата ќе испита дали Мета не ги почитувал законите за заштита на потрошувачите и ја ставил јавноста во опасност, објасни јавниот обвинител на Масачусетс, Мора Хили.

– Фејсбук, сега наречен Мета, не успеа да ги заштити младите луѓе на своите платформи и наместо тоа избра да игнорира, во некои случаи, да ги зајакне практиките што претставуваат реална закана за физичкото и менталното здравје, со што ги искористува децата за да заработат пари, додаде таа.

Истрагата има за цел да утврди дали имало незаконска пракса и да стави крај на злоупотребите. Ја водат претставници од државите Калифорнија, Флорида, Кентаки, Масачусетс, Небраска, Њу Џерси, Тенеси и Вермонт, Њујорк, Колорадо и Тексас.

Јавните обвинители во 44 сојузни држави во САД веќе упатија писмо до Марк Закерберг во мај, барајќи од него да се откаже од проектот за создавање верзија на Инстаграм за деца под 13 години. Во септември, компанијата конечно попушти на многу критики, велејќи дека ја суспендира работата на новата верзија на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Пад на приходите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“