Американски авиони започнаа превоз на војници и техника за француската воена мисија во Мали

Од:

Воено транспортни авиони на САД започнаа да превезуваат француски војници и техника за поддршка на воената мисија на Франција во Мали.

Том Сондерс, портпарол на Африканската команда на вооружените сили на САД, со седиште во Штутгарт, денеска изјави дека авион „С-17“ вчера полетал од француската база во Истер до Бамако. Според него вчера биле направени два лета до главниот град на Мали, а денеска третиот. Сондерс истакна дека воздушниот мост ќе продолжи неколку дена, без да потврди колку летови ќе има, ниту колку војници и опрема ќе бидат транспортирани од американските авиони.

Друг портпарол на АФРИКОМ, Бенџамин Бенсон додаде дека САД ја снабдуваат француската мисија со разузнавачки информации. Тој одби да каже дали за оваа цел се користат беспилотни разузнавачки авиони.

Портпаролот на Генералштабот на француската војска Тиери Брукар вчера потврди дека Белгија, Велика Британија, Данска и Канада веќе и помагаат со транспортни авиони на Франција за нејзината интервенција во Мали.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД