Американски атомски бомби се поставени во Холандија

Од:

Околу 22 американски атомски бомби се стационирани на холандска територија, тврди поранешниот премиер на Холандија, Руд Луберс.

Луберс кој беше премиер на оваа земја во периодот меѓу 1982 и 1994 година, откри дека бомбите се чуваат во строго обезбедувани простории во воздухопловната воена база Волкел, во реонот на Брабант во Холандија.

Во разговор за една документарна програма за телевизиската програма „Нешенел Џиографик“ поранешниот премие рвели дека „не може да верува оти тие глупави и будалести работи, и во 2013 година, се уште се наоѓаат на холандска почва“.

Медиумите во Холандија веќе подолго време пишуваат за тоа дека на територијата на земјата има оставено американско атомско оружје,но поранешниот премиер Луберс е највисоката досега личност која потврдува дека таквите зборувања биле сосема точни.

– Мислам дека веќе нема никаква смисла тоа оружје се уште да се наоѓа во Волкел – изјави Руд Луберс.

Претставник на холандското кралско воено воздухопловство остро ја осуди изјавата на Луберс.

– За такви работи никогаш не се зборува и Луберс, како поранешен премиер, би требало тоа добро да го знае – изјави претставникот на холандските воздухопловни сили.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина