Американската нафтена компанија „Шеврон“ замина од Венецуела

Од:

Администрацијата во САД и нареди на американската нафтена компанија „Шеврон“ да запре со производството на нафта во Венецуела, јави Си-Eн-Eн.

„Шеврон“ работи во Венецуела со децении како и е единствената американска компанија присутна таму по санкциите на САД против државната нафтена компанијата на оваа земја (ПДСВА).

Компанијата имаше ексклузивна лиценца на Министерството за финансии на САД да работи во Венецуела.

Како што јави телевизијата, ова можеби ќе има мало влијание на финансиското работење на „Шеврон“, но е критично за нафтената индустрија на Венецуела која е во колапс, иако земјата ги поседува најголемите докажани нафтени резерви во светот.

Иако има многу нафта, економијата на Венецуела во изминатата деценија е во очајна ситуација, постојано има рестрикции на струја а народот преживува голема хуманитарна криза.

Во изминатиот период, повеќе американски компании ја напуштија земјата. Меѓу нив се и „Ексон Мобајл“ и „КонокоФилипс“, кои заминаа откако поранешниот претседател, Хуго Чавез ги национализираше нафтените полиња управувани од странски компании.

По огромни загуби во висина од 1.4 милијарди долари, во 2015 година од земјата замина и „Пепси ко“.

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Поевтинуваат бензините

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа