Американската морнарица истрела проектили вредни милијарди долари во војната против Хутите

Од:

Американската морнарица, која во последните месеци се бори против бунтовниците Хути во регионот на Црвеното Море, во своите воени операции истрела проектили во вредност од 1,16 милијарди долари.

Станува збор за периодот од октомври минатата година до средината на јули годинава, потврдил портпаролот на морнарицата, а пренесува „Бизнис инсајдер“.

Ударната група околу носачот на авиони Двајт Е. Ајзенхауер беше засилена со неколку воени бродови во екот на кризата на Блискиот Исток, каде Хутите поддржани од Иран ги засилија нападите врз трговските бродови за поддршка на палестинскиот Хамас.

„Бродовите на американската морнарица го задржаа присуството во и во близина на Црвеното Море за да ги одвратат заканите и да ги заштитат бродовите од извршување речиси секојдневни напади на Хутите од ноември 2023 година“, рече портпаролот на морнарицата.

Би можело да ве интересира

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Американците нападнаа

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа