Американската крајбрежна стража заплени дрога во вредност од 1,4 милијарди долари

Од:

Крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави соопшти дека запленила „импресивни количества кокаин и канабис во вредност од приближно 1,4 милијарди долари за време на неколку операции на Флорида“.

– Ова е најголемото истоварување на нелегална дрога во историјата на крајбрежната стража, рече командантот Стивен Полин на прес – конференција во Порт Еверглајдс, 45 километри северно од Мајами.

Тој прецизира дека станува збор за околу 27 тони кокаин и речиси 650 килограми канабис.

– Овие заплени беа извршени од неколку единици на крајбрежната стража со помош на канадската морнарица и со воздушна поддршка на граничната полиција на САД, рече капетанот Тод Венс.

Според него, „овие екипи и нивните напори нанесоа голем удар во борбата против криминалните мрежи и нивното дестабилизирачко влијание“ – На тоа сме сведоци во Централна Америка и на јужната граница на нашата нација, додаде тој.

Властите соопштија дека количината на запленетата дрога била двојно поголема од онаа што ја заплениле американските власти во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

САД повторно испраќа воена помош за Украина

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски