Американската крајбрежна стража надгледува руски шпионски брод кој патролира кај Хаваи

Од:

Руски шпионски брод патролира во близина на брегот на Хаваите, но засега останува во меѓународни води, соопшти денеска Пентагон.

Иако појавата на руски брод за набљудување долж американскиот брег не е невообичаена, овој привлече поголемо внимание поради зголемените тензии меѓу САД и Русија поради инвазијата на Москва врз Украина и прикриените закани за употреба на нуклеарно оружје, пренесе Бета.

Американската крајбрежна стража го следела бродот за надзор „Карелија“ од класата „Вишна“, кој пловел во близина на Хаваите во последните неколку недели.

– „Не можам да зборувам зошто Русите пловат со бродот во моментов. Ова е некако несигурно време, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Таа додаде дека крајбрежната стража сè уште го надгледува бродот, кој се наоѓа во меѓународни води.

– Не видовме никакво непрофесионално однесување и очекуваме Русите да дејствуваат во регионот во согласност со меѓународното право, рече Синг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски