Американската амбасада ги советува своите државјани да ги избегнуваат големите француски градови овој викенд

Од:

Американското дипломатско претставништво во Франција предупредува на ризик од „тероризам“ и „нарушување на граѓанскиот ред“, но и на „собири“ оваа недела „кои можат да станат насилни“ во контекст на вториот круг на претседателските избори, јави дописникот на МИА.

-Спонтаните собири во градовите низ Франција по 20 часот може да станат насилни, предупредува американската амбасада во Франција. Во белешката упатена до нејзините државјани, американската администрација предупредува и на „потенцијален ризик од немири и судири со полицијата“ по објавувањето на резултатите од претседателските избори.

Амбасадата ги повика сите свои вработени да избегнуваат места за собири овој викенд, наведувајќи ги главните градови каде што се очекуваат големи собири, со природата на нивните барањата. Во Лион, на пример, амбасадата ги пријави демонстрациите во саботата „против Макрон“, како и оние на „антифаш“ во Стразбур.

Во претходната белешка објавена на 20 април, американските власти предупредија за ризиците од „тероризам“ и „нарушување на граѓанскиот поредок“. Од една страна, „терористите можат да нападнат […] на туристички места, во средства за транспорт, трговски центри итн“, се предупредува во белешката. Од друга страна, „демонстрациите во Париз и во поголемите градови се очекува да продолжат и во наредните недели“. „Материјална штета и особено грабежи и подметнати пожари се случија со претпоставено непочитување на јавната безбедност“.

Затоа, американската администрација ги советува своите државјани во Франција да избегнуваат патување во Париз или други поголеми градови во Франција за време на викендите. На прашање од регионалниот дневен весник Нис Матан, американската амбасада во Париз посочи дека нивото 2 на „зголемена будност“ (од вкупно 4) е прогласено во овој момент и е постојано на исто ниво овие денови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт