Американската Администрација скапо го плаќа прислушувањето

Од:

Прислушувањето на телефонските разговори што го спроведува американската Агенција за национална безбедност (НСА) скапо ја чини Администрацијата на САД, покажуваат најновиите податоци.

Како што јави Танјуг, телекомуникациските компании наведуваат дека секоја година добиваат стотици илјади барања од властите за прислушување, а тарифата за овој вид услуги се разликува од компанија до компанија.

Така компанијата АТ&Т наплатува 325 долари за активирање на прислушувањето и 10 долари дневно за оддржување на линијата.

Помалите оператори „Крикет“ и „У.С. Селулар“ наплатуваат по 250 долари за линија.

За прислушување на корисник на „Верајзон“ властите за првиот месец платиле 775 долари, а за секој следен по 500 долари.

Следењето на електронската комуникација е поевтино или сосема бесплатна.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев