Американската администрација на принуден одмор

Од:

Белата куќа нареди вработените во владините служби да заминат на принуден одмор откако Конгресот не успеа да постигне компромис за буџетот, пред истекување на крајниот рок (на полноќ по локално време).

– Го повикуваме Конгрес да дејствува брзо и да донесе одлука за обезбедување на привремено финансирање за да има доволно време да се изгласа буџетот и да се обнови работата на најважните јавни служби и програми, истакна Силвија Баруел, директор на буџетската служба на Белата куќа.

Првпат по 17 години САД влегуваат во нова финансиска година, која денеска почнува, без буџет. Причината е дека администрацијата на Барак Обама и републиканската опозиција во Конгресот не успеаа да се согласат за финансирање на Владата.

Претставничкиот дом вчера изгласа предлог-закон за привремено финасирање, за кој знаеше дека е неприфатлив за Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак