Американската администрација до јануари ја продолжи хуманитарната помош за Хаиќаните

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека до јануари следната година ќе ја продолжи хуманитарната програма, што на околу 58.000 Хаиќани ќе им овозможи да останат да живеат во САД.

Во прашање се жители на Хаити, кои во САД дошле по разурнувачкиот земјотрес од 2010 година.

Како што наведуваат американските медиуми, од администрацијата се навестува дека веќе нема да има натамошно продолжување на програмата.

Американскиот секретар за внатрешна безбедност, Џон Кели, изјави дека од земјотресот до сега условите на Хаити значително се подобрени.

Кели додаде дека се уште не е донесена конечната одлука за оваа програма и дека таа се очекува кон крајот на годината.

Хаиќаните, меѓутоа, истакнуваат дека условите таму и натаму се лоши.

Во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтер, што Хаити го погоди на 12 јануари 2010 година, загинаа неколку десетици илјади лица, додека повеќе од милион ги напуштија своите домови.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски