Американска пошта со предупредување за ризици од дописното гласање на изборите во ноември

Од:

Американската пошта ги предупреди сојузните државите дека треба да дадат повеќе време за пребројување на гласови за претседателските избори во САД, на кои дури половина од гласачите на САД би можеле да гласаат по пошта во ноември поради пандемијата на коронавирусот.

Најмалку четири држави, Мичиген, Пенсилванија, Калифорнија и Вашингтон, биле предупредувани од американската пошта дека постои „значителен ризик“ дека гласачите нема да имаат доволно време да ги пополнат своите гласачки ливчиња и да ги вратат навреме според тековните државни прописи, што им овозможува да побараат гласачки ливчиња само неколку дена пред изборите.

Постои можност значителен број гласови за изборите на 3 ноември да останат непреброени доколку пристигнат предоцна, се наведува во објавата на поштата.

„Државните и локалните изборни службеници мора да ги земат предвид нашите оперативни стандарди и препорачаните рокови“, рече портпаролката на Американска пошта, без да прецизира колку предупредувачки писма добиле сојузните држави.

Претседателот Доналд Трамп се спротивставува на финансиската помош за поштата или гласањето по пошта, како дел од пакетот за да и се помогне на економијата поради новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето