Американката која ја уби мајка си по долгогодишно малтретирање е ослободена

Од:

Роуз Бланшар која учествуваше во убиството на нејзината мајка по долгогодишно малтретирање, после седум години од 10-годишната затворска казна, денеска е ослободена.

Нејзиниот партнер Николас Годехон, кого го запознала преку Интернет и кој ја избодел до смрт мајката Ди Ди со ножот што му го дала Роуз, останува зад решетки на доживотен затвор, јавува Би-Би-Си.

Роуз Бланчард од Мисури, според британскиот јавен сервис, била малтретирана од нејзината мајка Ди Ди која иако била здрава, ја сметала за болна, така се однесувала со неа, давајќи и инвазивни и непотребни терапии.

Роуз се спротивставила, а по средбата со Николас преку интернет, во кого се вљубила, двајцата ја убиле Ди Ди. Роуз објави статус на Фејсбук кој ги вознемири пријателите на Ди Ди, кои набрзо го пронајдоа нејзиното тело и повикаа полиција.

Роуз и Николас биле уапсени во Висконсин, каде што живееле.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев