Американка која си ги убила двете деца, а се обидела да го убие и третото, уапсена во Британија

Од:

Кимберли Синглер од Колорадо, осомничена за убиство на двете деца и обид за убиство на трето дете, е уапсена во Обединетото Кралство, соопшти локалната полиција. Властите издадоа налог за апсење на Синглер под обвинение за убиство и обид за убиство, откако нејзиниот 7-годишен син и 9-годишната ќерка беа пронајдени мртви во домот, а нејзината 11-годишна ќерка заврши во болница.

На 19 декември, по пријава за кражба, полицијата пристигнала во домот на Синглер. Таму ги пронашла телата на нејзините синови и ќерка, Синглер и нејзината преживеана 11-годишна ќерка биле пренесени во болница. Полицијата првично веруваше дека Синглер е жртва на кражба, но подоцна стана осомничена во текот на истрагата.

Најпрво соработувала со полицијата, но потоа престанала и по извесно време полицајците не можеле да стапат во контакт со неа.

„Додека немавме доволно инкриминирачки околности, не можевме да ја одведеме во притвор“, изјави претходно за Си-Ен-Ен, Ира Кронин, портпаролка на полицискиот оддел во Колорадо Спрингс. Нејзината 11-годишна ќерка била пуштена од болница неколку дена по инцидентот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ

Тошковски за вчерашната акција: Епски криминал со милионски суми, приведени се четири лица

Во Будва се уапсени членови на мафијашки клан

Уапсен бегалец од „Идризово“, имал големо криминално минато