Американец осуден во Северна Кореја на шест години тешка работа

Од:

Американецот Метју Милер е осуден од суд во Пјонгјанг на шест години тешка работа, јави севернокорејската државна агенција КЦНА.

Во образложените на пресудата се вели дека Милер е осуден за „непријателско делување“ против Северна Кореја.

Властите во Пјонгјанг не соопштуваат која е неговата вистинска вина, но велат дека Американецот „ја уништил својата виза и побарал азил во Северна Кореја“.

Милер (24) беше уапсен во април годинава веднаш по неговото пристигнување во севернокорејскиот главен град, каде допатувал како турист.

САД ја обвинуваат Северна Кореја дека го користат Милер како залог во „дипломатската игра“ за претходно уапсените двајца други Американци.

Едниот, Џефри Фоли, кој исто така допатувал во Пјонгјанг како турист, беше уапсен во мај годинава под обвинувања дека „оставал Библии* на разни локации.

Вториот уапсен е американскиот мисионер Кенет Бае, кој е од американско-корејско потекло. Тој беше уапсен во 2012 година и осуден на 15 години тешка работа во работни кампови, откако беше обвинет дека се обидувал да ја „урне владата“ на Северна Кореја.

Метју Милер имаше можност, пред осудувањето, да даде изјава за Си-Ен-Ен во која ја призна „вината“ и рече дека на судењето ќе ги прифати „обвинувањата“ против него.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски