Американец муслиман ќе добие 385.000 долари отштета за приведувањето по 11 септември

Од:

Американски муслиман, кој бил во притвор повеќе од две седмици без обвинение по нападите на 11 септември 2001 година, ќе добие отштета од 385.000 долари од владата и од еден агент на ФБИ, соопшти Американскиот сојуз за заштита на граѓанските права.

Абдула ал Кид, американски државјанин, кој го прифатил исламот, бил клучен сведок – израз користен од САД по нападите, за да обезбедат приведување лица осомничени за тероризам.

Владата исто така му се извини на Абдула ал Кид, кој бил затворен 16 дена во изолација, со 24-часовно осветлување, што му пречело да спие.

Потоа бил подложен на судска контрола во текот на 15 месеци.

Во 2005 година тој поднел тужба против властите, обвинувајќи ги за нарушување на неговите уставни права.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак