Aмериканците првпат употребија хеликоптери „Апачи“ против ИД

Од:

Американските сили вклучени во операциите против џихадистите на Исламска држава (ИД) првпат употребија и хеликоптери од типот „Апачи“, во нападите врз нивните позиции во Ирак.

Тешко вооружените борбени хеликоптери,прво беа користени само за „заштита на Амбасадата на САД во Багдад“, во обид да се потиснат џихадистите за да не дојдат во позиција од каде би можеле да лансираат напади и кон главниот ирачки град.

За прв пат, „Апачите“ се употребени против ИД во текот на изминатиот викенд за време на тешките борби во западните приодни правци кон Багдад. во реонот на градовите Фалуџа и Хит.

И покрај неколкунеделните воздушни напади врз позициите на ИД, џихадистите се уште може да ги потиснат ирачкте сили, западно од главниот град.

Во текот на минатата недела, се тврдеше дека припадниците на оваа милитантна исламистичка сунитска група се наоѓаат на само 10 километри од првите предградија на Багдад.

Британската армија потврди дека во тој дел од ирачката територија било најпроблематично, затоа што борбените авиони од типот „Торнадо“ на Кралското воено воздухопловство (РАФ), дејствувале западно од ирачкиот главен град,во реонот на Рамади.

Хекикоптерите „Апачи“ се стационирани во Ирак од пред четири месеци, како заштита за американската дипломатска мисија, но сега и официјано е потврдено дека тие дејствувале на теренот,што се означува како „ескалација“ во военото учество на САД против ИД.

Засега не се соопштува колку вакви хеликоптери се наоѓаат на ирачка територија и колку од нив се вклучуваат во нападите против џихадистите, освен дека сите се префрлени од базата на САД во Кувајт.

Западни безбедноси експерти оценуваат дека вклучувањето на „Апачите“ сепак не претставува „ескалација“ во борбата, туку само сознание дека тие се покорисни за операциите против ИД, посебно во население реони,или во градовите, од многу побрзите борбени американски и британски авиони. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина