Америка: Жена невино обвинета за убиство ослободена од затвор по повеќе од 43 години

Од:

Американката која одлежа 43 години за убиство што не го извршила е ослободена откако и била укината пресудата.

Сандра Хеми имаше 20 години кога беше прогласена за виновна за смртта на библиотекарката Патриша Јешка од Сент Џозеф, Мисури, во ноември 1980 година.

Таа била осудена на доживотен затвор. Немало докази што ја поврзуваат со злосторството освен признанието што го дала под тешка седација во психијатриска болница, покажа прегледот на нејзиниот случај.

Таа сега има 64 години и се верува дека го издржала најдолгото познато погрешно осудување на жена во историјата на САД.

По ослободителната пресуда, државниот обвинител одби да ја ослободи Хема, па го повика затворскиот управник и лично му забрани да постапува по одлуките на судот.

Тој се обиде до самиот крај да ја оспори најдолгата неправедна казна во историјата на американските женски затвори и бараше Хеми да биде држена зад решетки, ако не за тоа убиство, тогаш барем за злосторствата извршени во затворот, каде што еднаш пресече чувар со жилет.

„Беше многу лесно да се осуди невина личност, но многу потешко беше да се ослободи од обвинението“, АП го цитираше нејзиниот адвокат Шон О’Брајан.

Нејзиниот правен тим во Проектот „Невиност“ вели дека се благодарни што Хеми конечно се врати со своето семејство и „ќе продолжи да се бори“ за да го исчисти нејзиното име.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

(ВИДЕО) Заложничка драма во Русија: Напаѓачите убија три лица, бараат хеликоптер да дојде да ги земе

Горан Наумовски

Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Горан Наумовски

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Хаос во затворот во Торино: Подметнат пожар, повредени се неколку чувари