Амбасадорот на САД во Романија ги поздрави масовните протести

Од:

Амбасадорот на САД во Романија Ханс Клем ги пофали масовните протести против корупцијата и ги охрабри Романците да бидат ангажирани.

– Изминатите денови во исто време беа динамични и многу ефективни. Ги поздравуваме слободата на медиумите и здружувањето, што не беа пропратени од насилство и ги охрабруваме сите Романци да останат ангажирани во граѓанскиот процес, изјави амбасадорот Ханс Клем.

По пожарот во ноќен клуб во петокот во Букурешт, во која загинаа 32, а приближно 200 беа повредени, Романија е зафатена од протести, кои продолжија и по вчерашната  оставка на премиерот Виктор Понта. Демонстрантите бараат подобра власт и поголема отчетност.

Би можело да ве интересира

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија