Амбасадорот на САД во Естонија поднесе оставка, разочаран од Трамп

Од:

Американскиот амбасадор во Естонија, Џејмс Мелвил поднесе оставка, бидејќи, како што рече, е разочаран од коментарите на претседателот на САД, Доналд Трамп за Европската Унија и неговиот однос со европските сојузници на Вашингтон.

– Кога претседателот вели дека ЕУ е „востановена да ги користи САД, да ја напаѓа нашата „свиња банка“, или дека „НАТО е лош како НАФТА”, тоа фактички не погрешно, но, за мене е доказ дека е време да си одам, напиша амбасадорот Џејмс Мелвил на Фејсбук.

Тој вели и дека, откако тој бил во служба под мандати на шест претседатели и 11 државни секретари на САД, никогаш не помислил дека ќе дојде до оваа точка.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија