Алжир го раскина договорот за пријателство со Шпанија

Од:

Кабинетот на алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне соопшти дека северноафриканската нација „веднаш“ го суспендира дводеценискиот договор за пријателство со Шпанија.

Како што пренесува Бета, тоа е последниот удар за се понестабилните односи меѓу Алжир и Мадрид, кој зависи од Алжир во однос на снабдување со природен гас.

Тензиите се зголемија во сложениот трилатерален спор откако Шпанија ја поддржа позицијата на Мароко за Западна Сахара за која се спори со Алжир.

Во соопштението се вели дека Шпанија ја злоупотребува својата улога на „административна сила“ во Западна Сахара додека Обединетите нации ја решаваа децениската ситуација околу статусот на огромна територија богата со минерали.

– Ова директно придонесе за деградација на ситуацијата во Западна Сахара и во регионот. Поради тоа Алжир одлучи веднаш да спроведе суспензијата на договорот, што служеше како рамка во односите меѓу двете земји, соопштија властите.

Шпанската Влада соопшти дека жали за одлуката на Алжир и ја потврди својата посветеност на договорот за пријателство.

– Шпанија го смета Алжир за пријателска соседна земја и ја потврдува својата целосна подготвеност да одржува и развива посебни односи на соработка во корист на народот на двете земји, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Шпанија беше поранешна колонијална сила во Западна Сахара додека не беше анектирана од Мароко во 1975 година. Оттогаш, Алжир и соседно Мароко имаат тензични врски околу судбината на Западна Сахара.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени