„Алмаз-Антеј“: Операторот на „Бук“ можеби по грешка го соборил малезискиот авион

Од:

Произведувачот на ракетниот систем „Бук, руската државна компанија „Алмаз-Антеј“ не ја исклучи можноста дека авионот на „Малејжа ерлајнс“ на летот МХ17 можеби бил соборен поради грешка на операторот на тој против-воздушен ракетен комплекс, изјави претставник на „Алмаз-Антеј“, Михаил Малишевски.

– Веројатноста за грешка на операторот природно не  може да се исклучи. Може да има многу причини за тоа. Лоша одлука на екипажот, погрешно впишан податок, некои трагични гешки. На пример системот можел да биде вооружен со вистинска боева ракета, наместо со школска, иако тоа е малку веројатно, но тоа не може да се исклучи, рече Малишевски, пренесува Танјуг.

Во извештајот на Меѓународната истражна група се наведува дека ракетата од „Бук“ наводно долетала од територија под контрола на бунтовниците. Рускиот концерн врз основа на експеримент соопшти дека тоа не е точно. Ракетата дошла од страничниот дела на авионот и тоа ги докажува оштетувањата на констуркцијата на леталото.

Зарошченко, од каде е лансирана ракетата, се наоѓа под контрола на Украина. Во руската компанија наведоа дека холандските експерти не располагаат со техничко оправдание за своите заклучоци.

– Оштетувањата на малезискиот авион, кој паднал во Доњецката област на Украина, а кои се наведени во извештајкот на меѓународната истражна група под раководство на Холандија, не се реални, изјави Малишевски.

Меѓународните иследници претходно соопштија дека малезискиот авион МХ17 во 2014 година е соборен со ракетен систем Бук, од подрачјето под контроа на проруските сили во источна Украина, кој тука е распореден од Русија, но не ја обвинија директно Москва, ниту ги наведоа имињата на одговорните.

Холандските иследници на прес-конференција изјавија дека поседуваат цврсти докази за своите тврдења.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот