Алкатраз понуди луксузно затворско мени за јубилејот – 50 години од затворањето

Од:

На одбележувањето на 50-годишнината од затворањето на злогласниот американски затвор Алкатраз, објавено е затворско мени, на кое се наоѓаат специјалитети од кои нема да се засрамат ниту некои ексклузивни француски ресторани.

Пред затворањето, Алкатраз беше познат по тоа што служел најдобра храна во целиот американски затворски систем. Свежи намирници секојдневно пристигнувале од Сан Франциско за да се подготват гурмански оброци за некои од најопасните американски криминалци и за да ги оддржувале среќни и на тој начин да биделе подалеку од можни бунтови.

Некогашните затвореници и денес кујната во Алкатраз ја споредуваат со некои од најдобрите семејни ресторани.

Во рамки на патувачката изложба на фотографии „Алкатраз: Последниот ден“, на Ли Винер, фотограф на магазинот „Лајф“, а која во моментов е поставена во внатрешноста на затворот, еден хотел од Сан Франциска секојдневно подготвува тематско вечерно мени по примерот на оној во Алкатраз.

Пред 50 години Алкатраз бил најсигурниот затвор во САД и симбол на правдата. По затворањето стана туристичка атракција и сет за холивудските филмови. Милиони туриста доаѓаат во овој затвор во заливот Сан Франциско за да ги гледаат ќелиите во кои престојувале најопасните американски криминалци, како Ал Капоне.
Алкатраз на почетокот бил тврдина, а потоа воена дисциплинска касарна, се додека Затворската управа во 1934 година не го претворила во затвор, за во него да ги смести најопасните криминалци.

Американскиот државен адвокат Роберт Кенеди во 1962 година ја потпиша одлуката за затворање на затворот заради преголемите трошоци и неговата локација во заливот. Девет години подоцна, Алкатраз стана национални парк и една од најпопуларните калифорниски туристички атракции, со 1,5 милион посетители годишно.

По половина век од затворањето, во Алкатраз е отворена изложба на фотографии на Ли Винер, која го прикажува денот на неговото затворање. Негативите од фотографиите ги открил синот на Винер, Девик, кој веднаш ги повикал надлежните власти, па многу брзо е организирана изложбата и е штампана книга со фотографии.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН