Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Од:

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска изјави дека Баку бара Русија да ја признае вината, да ги казни одговорните и да плати отштета во врска со падот на авионот на Азербејџан ерлајнс (АЗАЛ) во Казахстан.

Алиев објасни дека Азербејџан доставил три барања до руската страна, а Русија веќе исполнила едно од нив, бидејќи претседателот на таа земја Владимир Путин се извинил бидејќи несреќата се случила во нејзиниот воздушен простор.

„Јасно ги искажавме нашите барања до руската страна, тие беа официјално доставени на 27 декември. Прво, руската страна мора да му се извини на Азербејџан, и второ – да ја признае вината. Трето, сторителите мора да бидат судски казнети според кривичната одговорност и мора да се надомести штетата за азербејџанската држава, како и за повредените патници и членови на екипажот, ова се нашите услови“, рече Алиев во интервју за државната телевизија АзТВ.

Би можело да ве интересира

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија