Финскиот Парламент денеска официјално го избра лидерот на Националната коалициска партија, Александер Стуб за нов премиер на Финска.
Стуб беше предложен да ја предводи Владата од страна на претседателот на државата Саули Нинисто.
Досега Стуб беше министер за надворешна трговија и европски прашања.