Алекс Салмонд не им се извини на Украинците за неговите „пофалби“ за Путин

Од:

Првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд не им се извини на Украинците за неговите „пофалби“ за рускиот претседател Владимир Путин, освен што понуди средба со украинскиот политичар Михаил Остапко, кој претходно остро ја критикуваше шкотската реакција на украинската криза, за да се разјаснат разликите во гледањата кои предизвикаа јавна расправија меѓу Киев и Единбург.

Пред неколку недели, Салмонд во интервју за списанието „Џи-Кју“ го пофали рускиот претседател, за тоа дека прави „добра работа со решителното обновување на руската гордост“.

Ваквата изјава на шкотскиот прв министер, предизвика гневна реакција на Украинците кои живеат во Шкотска, затоа што изјавата уследи по анкесијата на полуостровот Крим.

Со посебно писмо, остро реагираше и Остапко кој побара од Салмонд „јавно извинување“, но наместо тоа, во писмен одговор, шкотскиот прв министер и лидер на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП), тврди дека бил погрешно разбран.

Салмонд вели дека неговите зборови се извлечени од контекст, нагласувајќи дека тој и во интервјуто, а и пред тоа, во низа други прилики, ја осудувал „илегалната анексија“ на Крим.

– Повеќепати досега, а и во интервјуто, јас не ја одобрив руската акција и во ниту еден момент не се двоумам, околу осудата на руската анексија, вели Салмонд во писмото до Остапко.

Од киевска страна, се изразува спремноста за директна средба со Салмонд околу сегашните недоразбирања, по „пофалбите“ за сметка на Путин, но Остапко, сепак, изразува жалење што од Единбург „нема јавно извинување“, како што тоа се бараше од шкотскиот прв министер.

Овој украински политичар објаснува дека во Киев постои незадоволство, не само од интервјуто, туку и од другите ставови и реакции во Шкотска за актуелната украинска криза и за однесувањето на Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа