Алекс Јангeр нов шеф на МИ-6

Од:

Британските валсти го назначија професионалниот разузнавач Алекс Јангeр за шеф на Службата за надворешно разузнавање МИ-6.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, кој го соопшти именувањето, изјави дека функционирањето на МИ-6 е од „суштинско значење за мирот и безбедноста на Велика Британија“.

Според него, новиот шеф на разузнавачката служба има богато искуство. Јангер работел во Авганистан и помагал за поддршка на безбедноста за време на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Јангер, кој има завршено економија, е вработен во МИ-6 од 1991 година. Тој извршувал задачи во Европа, Блискиот Исток и Авганистан.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство