Албанец од Македонија убиен во борбите во Сирија

Од:

Уште еден Албанец од Македонија е убиен во Сирија од воените сили на претседателот на државата Башар ал-Асад.

Во борбите меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал-Асад, како што јавува порталот Алмакос, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху. Алмакос дознава дека тој бил убиен од курдската заедница во Сирија.

Абдулаху бил оџа и во Бремен, Германија, учествувал во конфликтот во 2001 година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна и Херцеговина. Тој е вториот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија.

Во мај годинава во Сирија загина дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на опозициското движење „Јабха ел-нусрах“.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија