Алармантен недостиг на вода во светот: Децата во Етиопија се животно загрозени

Од:

Кликс – Сараево

На нашата планета четири милијарди луѓе, т.е. секое трето лице се соочени со недостиг на вода, која ја нема доволно ни за најосновните потреби. Според резултатите на најновата студија за достапни количини на питка вода во светот, тоа е далеку повеќе од што претходно се веруваше. Етиопија е зафатена со најлоша суша во изминатите неколку децении. Животите на бебињата и малите деца се посебно загрозени. Фатума Хусеин која живее во топлиот и од суша погоден регион Афар дошла тука во локалната болница да бара помош. Во куќата повеќе нема храна. „Детето ми е прегладнето повеќе нема сили ни да цица‟.

Недостигот на вода на глобално ниво, е предизвикано со растот на населението и со самото тоа и раст на потрошувачките навики и неконтролирано наводнување на земјоделските добра. Знаците во природата се очигледни, вели проф. Арјен Хукстра од Универзитетот Твенте во Холандија, коавтор на новата студија која ја спроведе списанието „Science Advances‟.

„Се намалува количината на подземните води, се намалува нивото на езерата, некои дури и пресушуваат. Во речните корита има се помалку вода. Тоа влијае на еко системот и биоразновидноста. Колку помалку има вода, се намалува и бројот на населбите околу пресушените реки и езера‟ – вели тој.

Со најновата студија, првпат, истражувани се месечните потреби за вода, за разлика од претходните кои се вршени на годишно ниво. Утврдено е дека четири милијарди луѓе, од кои половината живеат во Кина и Индија, се соочени со сериозен недостиг на вода. Тоа е многу повеќе од 2 до 3 милијарди како што прикажуваа претходните истражувања, пренесе Гласот на Америка.

Мексико, Северна Африка, Јужна Америка, Блискиот исток и западниот дел на Америка исто така спаѓаат во високо ризични подрачја, кога се работи за недостиг на вода. Најновата студија создаде нова основа и овозможи на законодавците да преземат попрецизни мерки за решавање на проблемот. Меѓутоа, тука е и важна порака за јавноста.

„Луѓето мора да станат свесни колку вода се троши за сите производи кои ги конзумираат. Тие како потрошувачи можат да влијаат на тоа колку вода ќе се потроши за производството. Ако на пример одлучат да јадат помалку месо и месни производи, ќе се заштеди голема количина на вода‟ – вели Хукстра.

Тој се надева дека новите податоци ќе покренат акција за намалување на недостигот на вода, нејзино поефикасно и поодржливо користење и ќе доведат до промена на навиките на потрошувачите, бидејќи тие можат значително да ја подобрат состојбата со недостигот на вода на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он