Аларм на Гренланд поради доаѓањето на Трамп

Од:

Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купувањето на Гренланд.

Помалку од една година откако ја наследи својата мајка, кралицата Маргарет, која се повлече на 31 декември 2023 година, кралот Фредерик јасно ја кажа својата намера да ги задржи Гренланд и Фарски Острови во рамките на Данска.

Имено, сега е променет претходниот дански кралски грб на кој се користеа три круни, симболот на Калмарската унија меѓу Данска, Шведска и Норвешка.

Трите круни се отстранети и заменети со поларна мечка и овен, кои ги симболизираат Гренланд и Фарските Острови, пишува Гардијан.

Промената доаѓа во време на зголемени тензии околу Гренланд, кој останува автономен, но Данска ја контролира својата надворешна и безбедносна политика.

Минатиот месец Трамп повторно рече дека сака САД да го купат Гренланд, додека премиерот на Гренланд, Муте Егеде, ја обвини Данска за геноцид поради истрагата за задолжителната употреба на контрацепција во 1960-тите и 1970-тите.

Исто така, синот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор, планира денеска да го посети Гренланд, а официјалните лица рекоа дека посетата ќе биде приватна и дека Трамп помладиот ќе се фокусира на снимање материјал за подкастот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Трамп: Ќе се кандидирам ли третпат за претседател, има начини, не се шегувам

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин