Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси допатува денеска во посета на Русија, што е негова прва официјална посета на една странска земја откако во мај годинава беше избран за шеф на државата.
Веднаш по пристигнувањето на аеродормот во Сочи, египетскиот претседател разгледа дел од воената техника и опрема од руско производство, што беше донесена на аеродромот за да му се понуди за продавање на гостинот од Египет. Ал Сиси, поранешен главен командант на египетските вооружени сили, се интересирал за околпните возила, како и за руските ракетни и антиракетни системи.
Веднаш по разгледувањето на понуденото оружје, се сретна со претседателот Владимир Путин со кого разговараа на планините над Сочи, каде зимоска се одржаа Олимписки Игри.
Официјална Москва настојува преку зголемувањето на воената и економската соработка со Египет, настојува преку оваа земја, која важи за значаен партнер на САД на Блискиот Исток, да обезбеди поголемо влијание и во земјата и во регионот.
Ал Сиси беше избран за претседател, откако во јули минатата година, со војската го тргна од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Потоа во земјата се рашири насилство на приврзаниците на смениот претседател и на Муслимнското братство, кое се закануваше да предизвика меѓуверски судири во земјата. Насилства беа задушени со интервенција на безбедносните сили и со трајната забрана на Братството кое се обвинува за поттикнување насилнички протести и тероризам, но американската хуманитарна организација Хјуман рајтс воч во денеска публикиваниот извештај тврди дека при спроведувањето на таквите операции се извршени „масакри“ и дека „намерно се убивани луѓе кои протестирале“.
Официјален Каиро ги отфрла ваквите обвинувања, но ХРВ повика на укинување на воената и економската помош за Египет и се заложи за меѓународна истрага за случувањата во јули и август минатата година.