Голем дел од приходите на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб доаѓа од незаконска трговија со рогови од носорози и слонови коски.
Меѓународната агенција за истрага во областа на околната средина, соопшти денеска дека околу 40 отсто од приходите на припадниците на Ал Шабаб се од купувачи на рогови од носорози и слонови коски.
Според анализи од 2011 година, Агенцијата укажува дека Ал Шабаб е дел од меѓународна мрежа што се занимава со шверц на слонови коски и на рогови од носорози за кои во источната медицина се смета дека имаат лековити својства.
Според јужноафриканскиот весник Белд во 2011 година сомалиската група заработувала околу 750.000 долари месечно од таа дејност.