Ал Каеда во Јемен се заканува со ликвидирање на американски заложник

Од:

Членови на Ал Каеда во Јемен се заканија дека ќе обезглават американски заложник Лук Сомерс, кој во септември 2013 беше киднапиран во Сана.

Заканата е упатена преку порака поставена на интернет. На инсертите заложникот, кој е на возраст од 33 години, нагласува дека е киднапиран повеќе од една година и моли за помош.

Претходно, специјалци од САД се обидоа да го ослободат Сомерс, но терористите го преместија на друго место.

– Ги предупредуваме Обама и американската Влада дека ќе се соочат со последици доколку преземат глупави акции од нивна страна, се вели во снимката.

Терористите не кажуваат што бараат во замена за ослободување на Сомерс.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен