Ал Каеда и се закани на Саудиска Арабија

Од:

Саудиско-јеменскиот и магребскиот огранок на Ал Каеда и се заканија со одмазда на Саудиска Арабија поради погубувањето на 47 џихадисти на 2 јануари, меѓу кои и шиитскиот свештеник Нимр ал Нимр.

Во заедничкото соопштение објавено денеска на една џихадистичка интернет страница, Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (AКПА) и Ал Каеда во Исламски Магреб (AКМИ) се обвинуваат саудиските лидери дека „направиле глупав чин“ погубувајќи ги лицата и „покрај предупредувањата на муџахедините“ во светот.

Лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров погубените џихадисти во Саудиска Арабија ги нарече маченици,

Саудиските власти на 2 јануари егзекутираа 47 лица под обвинени за тероризам, од кои повеќе од 40 биле поврзани со сунитската екстремистичка организација Ал Каеда. Тие се погубени поради нападите во 2000 година во Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија