Ал Каеда ги повика Египјаните да и се спротистават на армијата

Од:

Еден од нејекстремистичките ограноци на Ал Каеда преку соопштение објавено на интернет ги повика Египјаните да земат оружје и да ја нападнат војската бидејќи мирните методи не вродиле со плод.


– Египетската војска е дел и обична копија на армиите кои со убивање се обидуваат да го спречат усвојувањето на божјите закони и се труди да воведе принципи на секуларизам и човекови закони, изјави Абу Мухамед ал-Аднани, портпарол на Исламска држава во Ирак и Левант.


Тој упати критики и кон египетското движење Муслиманско братство и Салафистичката ал-Нур партија бидејќи се определиле за ненасилство и неуспешен секуларен пристап до власта преку избори и демократија, поради што членовите на Муслиманско братство завршиле во затвор, биле убиени или се во егзил.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски