Лидерот на групата „Исламска држава“ Абу Бакр ал Багдади бил повреден во воздушен напад, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, пренесува ТАСС.
– Абу Бакр ал Багдади, лидерот на ИД, бил повреден во Ал Каим на границата меѓу Сирија и Ирак, во ирачки воздушен напад, но за чудо преживеал, изјави ирачкиот премиер, пишува весникот „Ал Хајат“.
Според Ал Абади со појавата на заканата од ИД голем број западни земји ги промениле своите цели. Абади нагласува дека веќе не се зборува за соборување на Башар ал Асад од функцијата. – Заборавија за тоа барање или времено е одложено, смета ирачкиот премиер.
Ал Абади нагласи дека САД и Иран се приближиле кон постигнување на двостран договор. – Во моментот раководството на Исламската република Иран сака да покаже на својот народ, дека САД навистина сакаат да се постигне договор, изјави премиерот.