Ал Абади: Ирак воено ќе интервенира доколку дојде до судири на референдумот во Ирачки Курдистан

Од:

Ирачкиот премиер, Хајдер ал Абади, синоќа изјави дека се подготвува воена интервенција доколку референдумот на Курдите за независност резултира со судири.

Во ексклузивно интервју за американската агенција АП, Ал Абади референдумот го оцени како „опасна ескалација“ која ќе повика на кршење на ирачкиот суверенитет, пренесоа американските медиуми.

Пратениците во ирачки Курдистан го одобрија и за 25 септмеври го закажаа одржувањето на референдумот за независност на оваа автономна област во Ирак, додека членовите на опозицијата ја бојкотираа првата седница на Владата во последните две години.

Потпретседателот на Ирачки Курдистан, Џафар Ајменки, кој претседаваше со седницата, рече дека референдумот ќе биде оддржан откако 65 пратеника кои беа присутни во салата гласале за него, пренесуваат француските медиуми.

Ирачката Влада се противи на референдумот, кој претходно годинава го најави лидерот на Курдите, Масуд Барзани.

Иран и Турција, исто така, го изразија своето незадоволство од референдумот, соопштувајќи дека тој може да предизвика сепаратистички тенденции меѓу курдската популација во двете земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски