Актуелниот претседател на Того освои трет мандат

Од:

Актуелниот претседател на Того, Фор Гнасингбе, кој е на власт од 2005 година, освои трет мандат на изборите одржани во саботата со 58,75 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал Жан Пјер Фабр освои 34,95 отсто, соопшти Националната изборна комисија, објавувајќи ги првичите резултати.

Резултатите треба да бидат потврдени од Уставниот суд, изјави претседателот на Комисијата Тафа Табиу.

– Тоа е заслужена победа, победа на народот на Того, кој планира заедно со претседателот Фор Гнасингбе, да продолжи да чекори мирно кон напредок, посочи претседателството.

Фор Гнасингбе беше донесен на власт во 2005 година од воените власти по смртта на неговиот татко генералот Гнасингбе Ајадема, кој владееше 38 години.

Подоцна истата година беа одржани избори, кои беа проследени со насилство, во кое според податоци на Обединетите нации загинаа меѓу 400 и 500 лица, а илјадници беа ранети, како и со масовни изборни измами.

Во 2010 година Гнасингбе беше реизбран со над 60 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Осум војници загинаа, а 13 се ранети во напад на екстремистичка група во Того

Ана Ололовска

Тогоанецот Жилбер Унгбо е нов директор на Меѓународната организација на трудот

А1он

Два брода се судрија во Црно Море во близина на Истанбул

Ана Ололовска

Имигранти од Того откриени во воз

Емир Латифовиќ