Активистите за климатски промени со закана за блокада на аеродромот „Хитроу“ во Лондон

Од:

Активистите за климатски промени од организацијата за заштита на природата „Бунт против изумирање“ планираат да го блокираат аеродромот „Хитроу“ во Лондон. Тие се заканија дека ќе ја нарушат работата на аеродромот со демонстрации, со цел длабоки структурни реформи во воздухопловната индустрија.

Портпарол на аеродромот изјави дека персоналот е загрижен поради нарушувањето на летовите што ќе ги предизвика протестот, особено за патниците кои со семејствата и пријателите планираат да патуваат за велигденските празници.

Оваа недела британската полиција уапси тројца активисти за заштита на животната средина од истата група, откако се залепија за воз во лондонската метро-станица Кенери Ворф, предизвикувајќи одложување на возовите.

Полицијата соопшти дека од понеделникот се уапсени повеќе од 420 луѓе на протестите организирани од групата „Бунт против изумирање“ (Extinction rebellion).

Протестите во Лондон се поради односот на власта кон климатските промени, поради што во средата беа блокирани неколку главни крстосници во престолнината на Велика Британија.

Демонстрантите го блокираа сообраќајот на мостот Ватерло над реката Темза и други важни сообраќајници, поради што многу автобуски линии не се одвиваа по редовните траси.

Адвокатката Фархана Јамин, една од приведените активистки, се извини на граѓаните за блокираните улици, но истакна дека тоа е неопходно за да се скрене внимание на опасностите кои доаѓаат со климатските промени.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот