Активирана е авијацијата, Полска привремено го затвори својот воздушен простор

Од:

Воздушниот простор над делови од Полска, вклучувајќи ја и Варшава, беше привремено затворен поради воени операции, соопшти прес-службата на аеродромот „Шопен“ во Варшава.

Како што е наведено, поради активностите на владините служби и војската за обезбедување безбедност, небото над некои делови од земјата, вклучувајќи го и главниот аеродром, беше привремено затворено. Самиот аеродром остана оперативен, но беа воведени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони.

Полските и сојузничките воени авиони полетаа поради наводна активност на руските трупи во Украина. Покрај Варшава, беа затворени уште два аеродрома, додека системите за воздушна одбрана беа ставени во состојба на готовност.

Полскиот премиер Доналд Туск во своето соопштение изјави дека војската е вклучена и во операцијата, користејќи оружје за заштита на националната безбедност.

Би можело да ве интересира

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски

Сикорски: „Вооружена Германија во рацете на крајната десница е ризик за Европа“