Актерот Вилијам Роуч од „Coronation Street“ обвинет за сексуално малтретирање малолетници

Од:

Ѕвездата на популарната британска сапунска опера „Coronation Street“, Вилијам Роуч, кој веќе е суден за силување, обвинет е за сексуално малтретирање на четири малолетни девојчиња, пренесоа француските медиуми.

Актерот (81) е обвинет дека меѓу 1965 и 1968 година пет пати блудничел со девојчиња на возраст под 17 години, а најмалото од нив за време на дејанието било на возраст меѓу 11 и 12 години.

Минатиот месец Вилијам Роуч беше обвинет дека во 1967 година два пати силувал 15- годишно девојче.

Актерот енергично ги отфрли обвиненијата.

Вилијам Роуч го играше ликот на Кен Барлоу во серијата „Coronation Street“ уште од нејзината прва епизода, на 9 декември 1960 година.

Телевизијата АТВ, која го емитуваше серијалот, минатиот месец соопшти дека Роуч нема да се појавува во серијата се додека траат судските процеси против него.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година