Аксјонов: Заврши евакуацијата на цивилите од Херсон

Од:

Завршена е евакуацијата на цивилите од областа Херсон, на југот на Украина, која се наоѓа под руска контрола, а Украина се обидува да ја ослободи, изјави прорускиот лидер Сергеј Аксјонов.

-Заврши организираното заминување на жителите од левиот брег на Днепар на безбедна област во Русија, изјави синоќа Аксјонов, кој е прв човек на Крим, полуостровот во близина на Херсон, што Москва го анектираше во 2014 година.

Украина, која спроведува офанзива во областа откако им нанесе сериозни загуби на руските сили на други фронтови, ова преместување на жителите го нарече „депортација“.

-Среќен сум што сите што сакаа брзо и безбедно да ја напуштат територијата под украински оган можеа да го сторат тоа, рече Аксјонов на Телеграм, објавувајќи фотографија на која е со заменик-шефот на руската претседателска администрација Сергеј Кириенко.

Вршителот на должноста гувернер на регионот Херсон, Владимир Салдо, пред два дена изјави дека за помалку од една недела своите домови во оваа област ги напуштиле најмалку 70.000 цивили.

Украинската воена команда во својот денешен дневен извештај наведува дека „продолжува таканаречената евакуација на привремено окупираната област Херсон“.

Командата додава дека „непријателските сили се акумулираат од десната страна на брегот на Днепар“, во областа Херсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он